Баби #12 серии
Цртежите се компонирани од различни портрети на ’бабички’, од кои некои се добро познати (Елизабета II), а други целосно анонимни.Портретите се во крупен кадар додека димензиите се за малку поголеми од реалната претстава.
Тие се моите „90 годишни Супер Модели“ кои се натпреваруваат со Супер Моделите од ’90-те години. Тие гордо се држат во староста, покажувајќи ги брчките наместо да ги затскриваат, пеглаат и негираат и со тоа да се претворат во пародија од својата младост.
Моите Бабички ги покажуваат своите бразди со дигнитет и со силата на некој кој веќе живее во едно Друго време, Зад или можеби Преку и Над нашата сегашност.