Окото сѐ ли гледа?

Цртеж и слика

Категорија

2016

Година

120x100 cm

Димензии

Тргнувам на пат…на првата станица пишува “окото огледало на душата“, „интуицијата нуди бесконечни асоцијации“. Домот на душата во окото олицетворен во симбиоза со материјалната димензија води кон ритуално чистење на уметникот. Попатно има милион прашања:

 

– Што сѐ крие погледот?

– Може ли окото сѐ да види?

– Десното око на левото препраќа ли?!

 

Затворам очи да видам, ритуал на будење на себството успано во длабочините на битието. Покрај инсталацијата песна, зборот како лозинка за активирање на порталот кој води во центарот на душата. Симулирам виза за премин, начин да го најдам, да го добијам на дар она што некогаш сум го поседувала.

Андријана
Андреева

Скопје, Македонија