Живот или профит

Фотографија

Категорија

2016

Година

297x420 мм; 297x420 мм; 297x420 мм

Димензии

Зачестеноста на туморот во XX и XXI век, би требало да нè загрижи. Системот во кој живееме (капитализмот) е дел од причините кои (според мене) го зголемуваат процентот на оваа болест. Стресното брзо темпо на живот, загадениот воздух, штетната исхрана, месото од животно кое е клукано со хормони, за да е поголемо, поскапо, за да донесе повеќе профит. И тумор. 
Фиброаденом на дојка е бениген тумор, прилично чест и се развива кај млади девојки/жени. Се смета дека причина е хормоналното пореметување, односно вишок хормони во телото. Речиси секоја трета девојка/жена во плодни години има еден или повеќе фиброаденоми. 
Болеста не смее да биде табу. Информативноста може да спаси барем еден живот.

Ања
Илиева

Кавадарци, Македонија