Мистерија

Моден дизајн

Категорија

2016

Година

Должина: 160 см

Димензии

Во дизајнирањето на мојот фустан решив да ги употребам моите омилени бои како што се црната и златно жолтата. Овие бои воедно имаат и многу значења,имено црната боја се однесува на нешто скриено, таинствено и непознато и како резултат на тоа се создава атмосфера на мистерија. Црната боја исто така често се смета за боја на софистицираност , како во малиот црн фустан. Од друга страна пак и жолтата боја е симбол на осаменик со интензивна љубопитност и интерес во истражувањето на пофини детали на своите интереси. Тоа што го прави овој фустан специфичен е можноста да се носи на два начини: со или без наметка.

Асмира
Абази

Тетово, Македонија