Пејзажи

Скулптура, Цртеж и слика

Категорија

2016

Година

Димензии

Транспарентната аура и флуидот на надреалното, во компилација со личното, од светот на катадневното, обичното на кое му е вдишана убавината кон едноставното, преку доживеалицата на личното, суптилно топло, го оживотворува обидот да се запази топлината на едноставноста, да се допре до порите на едноставното во човечното, во човековото постоење, низ обидот за опстојување во тегобната напластеност на превирања и да се направи обид за хармонизирање и воспоставување на артикулирана комуникација изнаоѓајќи заеднички именител кој не не подвојува, туку не поврзува во сферата на најразнородното, е мисија не само на уметноста, туку и на секој благороден, хуман ентитет и идентитет.

Емилија и Стојче
Тоциновски

Скопје, Македонија