Повик за ВОЛОНТЕРИ

Паратисима Скопје 2017 е интернационален саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии, кој оваа година по четврти пат ќе се оддржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 15ти до 17ти, јуни.

Ако сакаш да волонтираш на Паратисима Скопје тогаш подготви се да станеш дел од тимот и да работиш со нас од 11-20 јуни.

Бидејќи, нема да лажеме ако кажеме дека волонтерите се одговорни за крајната реализација на настанот –  вие сте луѓето што ќе работат зад кулисите и ќе му дадат живот на саемот и фестивалот.

Односно…

Ако треба да се местат даски, ќе ги местиме, ќе пречекуваме гости, ќе пуштаме светло, ќе се фотографираме, ќе се дружиме, а ако треба да се чисти и ќе зачистиме, но затоа на крај, ќе направиме одлична забава и традиционално ќе јадеме Паратисима торта!

Сите заинтересирани волонтери се поттикнуваат внимателно да ја прочитаат и пополнат кратката апликација на следниов линк:

Апликација за волонтирање

Ве очекуваме!

Поздрав од тимот на Паратисима Скопје