Рачно изработени предмети во декупаж техника

Дизајн, рачни изработки

Категорија

2015

Година

Димензии

Craft & Art e креативно студио за рачнo изработени уникатни подароци, декорации и предмети за вашиот дом или градина. Користејќи „Shabby Chic“ и „Vintage“ стил, внесуваме нов бран свежина и доза романтика во секојдневието.

Секое парче изработено во Craft & Art e уникатно, со внимателно избрани мотиви и бои. Тоа раскажува своја приказна и за момент ве враќа назад низ времето, будејќи чувства и слики на места, кои делуваат толку блиски и познати, сместувајќи ги во единствено парче, во една совршена целина.

Предметите се изработуваат од дрво, стакло и ќерамика, во декупаж техника, а материјалите кои се користат се комплетно природни и еколошки, наменети за секојдневна употреба.

Craft & Art

Скопје, Македонија