Специјалната програма

Специјалната програма вклучува претставување на уметнички групи, универзитети, приватна галерија, претставници од креативни индустрии и дела кои произлегуваат од уметничка колонија. Исто така, вклучивме и дела изработени од деца и средношколци, бидејќи навистина верувам во креативноста на сите возрасни групи и во сите сфери на општеството.

UndeRadio Паратисима Скопје, Скопје

fx3x, Скопје

Графичка работилница „Софија“, Богданци

Флукс галерија, Скопје

МАЈКА, Торино

АаД Агенција, Скопје

Меѓународното училиште НОВА, Скопје

Глобал вилиџ мрежа на уметници

Креативен викенд, Лазарополе

Тома Димовски, Скопје

 

 

Специјалната програма – Креативно образование

Оваа година фокусот е насочен кон претставување на дела изработени од универзитети за уметност, бидејќи образованието во уметноста е носечкиот столб на креативниот развој. За оваа цел поканивме неколку предавачи од универзитетите за уметност и нивните студенти да ги претстават своите дела. Намерата на оваа иницијатива е да се отвори визуелен дијалог помеѓу работата на предавачите и студентите, потенцирајќи ја конструктивната размена и поимот за демократска презентација на делата од рамките на образовната сфера.

Европски Универзитет – Факултет за арт и дизајн, Skopje

Факултетот за ликовни уметности, Skopje

Ликовна академија, Штип

Греј школа за уметност, Абердин

Челси колеџ за уметности, Лондон

 

Нада Прља
Паратисима куратор 2015