Југословенка

Перформанс

Категорија

2015

Година

15 мин

Димензии

Има само еден учесник во перформансот – тоа сум јас. Облечена сум во извидничка униформа на која има истурено бебешка пудра, за да се даде впечаток на дух. Пред мене, има големо метално тенџере во кое се прави ајвар и еден чаршав. Чаршавот е на земја и на него се залепени логоата и имињата на секоја политичка партија во бивша Југославија. Логоата и имињата се испечатени на хартија. Перформансот започнува така што ги земам логоата и имињата, едно по едно, ставајќи ги во тенџерето. Како што ги тргам, имињата напишани на чаршавот се откриваат. Откако сите логоа и имиња се ставени во тенџерето, ќе истурам малку бензин и ќе запалам чкорче. Откако ќе се запали хартијата во тенџерето, ќе почне да свири југословенската химна. Ќе седам исправено, со десната рака на срце. Перформансот завршува со завршувањето на химната.

Верица
Стојанович

Скопје, Македонија