Аmorphous сретнува структура

Инсталација

Категорија

2015

Година

1,50x1.50x3 м

Димензии

Oблакот како тема, односно облакот како тело што лебди во простор и не може да се допре, се противи на архитектурата, којa се издига од земјата. И токму тоа е предизвикот – архитектура во безтежинска состојба!

Всушност се работи за ентитет, изграден од повеќе единечни, рециклирани структури, „архитектони”, поинакви, а сепак сродни по својата природа и поврзани во меѓусебна релација, која се рефлектира во една единствена целост. Објекти, структури од картон, кои низ процес на спојување и синтетизирање се трансформирани во една нова рекомпонирана архитектоника, предвидени да никнат од земјата, да се развиваат и надоврзуваат по вертикала, сплотени во едно, лебдејќи во просторот без почеток и крај. Како би се добила таа градација во висините потребни се сталаци/постаменти, кои би биле минимални и неприметни. На тој начин вниманието би се задржало на самото дело, како фрагмент „заглавен во просторот”.

Учесници (автори на делото):
Илина Цветкова
Алексадра Такашманова
Ирина Цоневска
Дарко Драгановски
Христина Стојчевска

Наташа
Милованчев (Ментор)

Скопје, Македонија