Чувства, сништа, сеќавања на бои кон реалност

Цртеж и Слика

Категорија

2015

Година

30x64 см

Димензии

Ова е која сум. Вака се чувствувам. Вака љубам. Ова е мојот начин да ја покажам својата внатрешност, мојот свет низ бои, мојот радосен свет. Во секоја од сликите ќе го видите она коешто сакате да го видите, она кое сакате да го почувствувате и разберете. Тие прикажуваат слобода, го паметат минатото, сегашноста и сништата за иднина. Ќе ги најдеш твоите соништа во моите, твоите експлозии во моите експлозии, ќе ги најдеш твоите емоции и ќе ги разбереш моите. Уживај во боите, облиците, формите и душата. Слави ги безгранично животот и љубовта. Љуби преку сликите.

Маја
Андонова Јокич

Скопје, Македонија