Циганско лето

Цртеж и слика

Категорија

2016

Година

2/ 100х100 cм; 2/ 1600х40 см

Димензии

Уметноста ја работам како хоби, создавам уметност и уживам, се обидувам да задржам еден уникатен стил и константно го развивам своето дело. Зборовите со кои би ја опишала својата работа се задоволство и експериментирање, а следниов параграф од Хулио Кортазар го ’открива’ мојот извор на инспирација:

„Кога се отвора вратата, а јас се наведнувам над скалиштата, знам дека улицата започнува таму некаде долу; не онаа прифатена матрица, оние познати куќи, ниту хотелот спроти, туку таа разџагорена дивина која се струполува врз мене како да е манго.“

Катерина
Мандарик

Стразбур, Франција