Црно ни се везе

Инсталација, цртеж и слика

Категорија

2015

Година

143х160 см

Димензии

Актуелната состојба, како на локално така и на глобално ниво, изобилува со агресија, војни, губење на моралните норми, пореметување на политиката и религијата, стагнација и декаденција во повеќе сфери од социо-општествениот живот… Македонија, во последните неколку години е земја со дијагноза во катарактична фаза, период на нејаснотија и магловито секојдневие. „Црно ни се везе…“ e насловот на делото кое го поставува прашањето испровоцирано од фактичката состојбата и парадоксалноста на денешницата; економски, егзистенцијални, политички контексти и дефинирањето/ редефинирањето на односот на уметникот кон општеството и неговата позиција, како субјект способен да критикува и реагира со свесноста за проблемите. Делото е конципирано со едноставна минимална интервенција врз подлогата- платно, во овој контекст тоа е миленце. Миленцето е поставено вертикално и е премачкано со дијагонална црна линија, која симболично би требало да изрази сеќавање, жалост, критика или протест.

Горан
Ристовски

Струга, Македонија