Déjà vu

Видео

Категорија

2015

Година

40 мин 25 сек

Димензии

Приказната на фамилијата на режисерот е декомпонирана преку тоа што индивидуални сеќавања и гледани точки се склопени заедно во еден голем колаж кој трае едно деноноќие-денот на смртта на нејзиниот дедо.Потекнувајќи од патријархална фамилија од Јужна Италија, една млада двојка се сели во Милано за да создаде фамилија. Во контекст на италијанското општество од 60тите и 70тите, кое е во економски и културен развој, секој лик ја живее тензијата на живот развлечен помеѓу два некомпатибилни светови,каде огорченоста и меланхолијата од минатото се мешаат со жестокиот дух на младоста. Портрет на четири генерации заробени во игра на исфорсирани улоги и очекувања, каде индивидуалните битки за ослободување и наоѓање на идентитет завземаат место. Скриениот лик е самиот режисер. Нејзиниот тивок, критички поглед на сенките на нејзината фамилија е катарзична пракса насочена кон кршење на клетвата од минатото.

Лаура
Бјанко

Милано, Италија