Деконструкција

Моден дизајн

Категорија

2014

Година

Димензии

“Fat Cat” е мало, креативно студио кое произведува несекојдневна женска облека. Секоја колекција е со различен стил од претходната, но дизајнот ни е секогаш во оптимален сооднос со цената и квалитетот. Сакаме да ја доведеме модата поблиску до луѓето, сакаме слобода во изразувањето и тоа го постигнуваме преку невообичаени шари и форми. Црпиме инспирација од сето она кое нè опкружува, од Белград и од луѓето околу нас. Би сакала да ја промовирам својата последна мини колекција „Како пингвин” – два фустана кои се деконструирани од панталони, како и други парчиња на облека.

Тијана
Захирович

Белград, Србија