Две глави, пет нозе и жолти чорапи

Цртеж и Слика

Категорија

2015

Година

100x55 cм

Димензии

Заинтересиран сум за употребата на слогани и текст во јавност, и би создал знаме што ќе биде закачено или ќе стои само по себе. Ќе се соочам со превод, и можеби грешките што ќе ги направам во процесот, ќе бидат баш како што би звучело кога би бил таму лично. Комуникација помеѓу странци е комплицирана и збунувачка, и целосно се исплати. Само преку овој процес на излегување напред и надвор од комотното, ризикувајќи да звучиме глупаво, ние ги шириме нашите животи. Ова е начинот на којшто ние растеме. Нема да имам можност да допатувам на овој настан, и навистина ми е жал, но за мојата работа размислувам како дел од мене да е пратен во светот, дел кој можеби никогаш нема да се врати. Си замислувам помлада верзија од себе, како седи на вашите улици, прашувајќи се дали некој може да ме види и да препознае дека сум тука, присутен. Се прашувам како би бил примен, и го уживам тоа чувство на нервоза, таа авантура. Се надевам дека наскоро и јас ќе го проследам патот на моето уметничко дело.

Том
Хјус

Сиетл, САД