Фигура

Графика

Категорија

2010

Година

50х70 см

Димензии

Ќе се претставам со 3 дела кои се дел од серијата „Човек- природа”. Тоа се графики работени во техниките: линорез, сува игла и бакрорез. Во делата, во преден план е претставена човечката фигура, а како нејзино дополнување, или позадина, е претставен пејзажот. Во графиките се употребени интензивни бои за небото, тревата, водата… но истовремено, белиот простор оставен од самата хартија ни ја претставува планината како дел од пејзажот. Човекот во овие дела е претставен како составен дел од природата, асоцирајки дека: „Природата може да опстане и без човекот, но тој без неа не би можел, односно не би преживеал “.

Весна
Радижиќ

Скопје, Македонија