Филтер

Инсталација

Категорија

2015

Година

Димензии

Делото е создадено од испринтан текст и стакло со обоени леќи кои имаат моќ да оттргнат одредени бои од спектарот на светлина. Еден пар од стаклата има зелени леќи, а другите два розеви. Текстот не може да се прочита без очилата, затоа што речениците кои се напишани во две различни бои се преклопуваат. Двете реченици се сосема спротивни во значење – две обзервации видени од целосно две различни гледни точки. Едното е песимистичко, а другото оптимистичко. Која гледна точка ќе ја заземете зависи од тоа кои очила ќе одберете да ги ставите.

Маја
Кировска

Скопје, Македонија