Freedom Prison, Tag-team Circuit, Measurements of Honesty
Интеракцијата на предметите како материјали со линеарната репрезентација на формите и линиите, креира нови врски и дијалози со една нова цел. Двосмислено преку наративни знаци се игра со перспективата, вплеткувајќи ја нашата запознаеност со вообичаените предмети и нивните граници со можноста на движење која се создава од различната разместеност на материјалите и линиите. Тие постојано се шират и симултано се збираат, оставајќи простор за флексибилност, движење и гестикулација во самата ригидност на материјалот и формата.Не само што материјалите физички комуницираат, но и сценските поставки исто така ги рефлектираат човечките односи со вселената и со самите себе.