Имплозија

Графика

Категорија

2009

Година

83x55 мм

Димензии

Делото е создадено од серија на мали принтови придружени со цртежи и скечеви на истата тема. Принтовите се гравури на хартија. Главната тема која се истражува е темата на имплозија – експлозија на енергии во внатрешноста на телото или на еден систем – која се случува кога премногу јаки, надворешни сили делуваат на некој објект. Со тоа се предизвикува целосен внатрешен распад. Принтовите се обидуваат да ги насликаат линеарните експресии на енергиите кои се јавуваат во ваквиот феномен. Мојата главна идеја сепак, беше визуелно да ја артикулирам својата состојба и лично почувствуваните сензации од енергиите кои се јавуваат како одговор на притисокот предизвикан од поголемите сили коишто телото/ системот не може да ги издржи и да се соочи со нив.

Мина
Милосављевич

Белград, Србија