Создади ја најдобрата Инста фотка…по твое

Паратисима Скопје  и Скопско Smooth те повикуваат да ја создадеш најдобрата Инста фотка на тема и со хаштаг – #ПОТВОЕ.

Бидејќи не си без идеја, не си кукавица и имаш што да кажеш, дај сè од себе и сподели го твојот креативен крик, по твое. Нека оваа реченица те води низ практично неограниченото поле на изразување, затоа што, на овој конкурс… сè е #потвое.

Продолжувајќи ја својата најсуштинска мисија – поддржување и промоција на младиот, прогресивен и храбар дух, Скопско Smooth ќе ги награди најдобрите Инста фотографии, чија содржина и дух треба да бидат во сооднос со ослободувачкиот слоган – ПО ТВОЕ.

Најдобрите фотографии ќе бидат прикажани на годинашниот Интернационален саем на современа уметност – Паратисима Скопје 2017-та, а победниците ќе добијат и награди.

Жири ќе одлучи кои десет фотки ќе завршат во финалната селекција, а од нив, посетителите, на последниот ден од Паратисима Скопје ќе ги одберат 5-те победници. Истите ќе бидат објавени следниот ден (17.06) на сајтот на Паратисима Скопје.

Самиот хаштаг ти кажува кој е правецот што треба да го следиш – твојот. Дај му на светот до знаење дека не си обичен/обична. Медиумот го имаш, алатките за изработка на супер фотографија се во твоите раце, а сè што останува на тебе е да блеснеш.

Интернационалниот саем на современа уметност, Паратисима Скопје, како едни од своите основни вредности ги има промоцијата и поддршката на културата, уметноста и креативните индустрии. Скопско Smooth од друга страна е пиво за млади кои што имаат што да кажат, знаат како да се изразат, и го прават тоа пркосејќи на секоја сила која им застанува на патот.