Jailbird (Птица во кафез)

Инсталација

Категорија

2016

Година

Димензии

Делото е инспирирано од викторијанската играчка „птица во кафез“, која со помош на движење/вртење создава претопување на две слики – слика на птица и слика на празен кафез – во една слика на птица во кафез. Јас користам слики на решетки и политичари – особено оние осомничени за корупција – од Македонија, Балканот и светот. Делото во својата статична состојба не сугерира вина. Вината и казната се имплицирани од публиката. Гледачот е тој кој решава која играчка ќе ја земе, и кој политичар сака да го види в затвор. Со моќта на сопствената рака, тој може да ја отелотвори желбата.

Јана
Јакимовска

Скопје, Македонија