Коцкасти навои

Накит, Модни додатоци и Скулптура

Категорија

2015

Година

6x5x10 cм

Димензии

Коцкастите навои се дрвени постаменти за накит. Тие го држат накитот на сигурно додека се изложува. Направени се така што ги акцентираат карактеристиките на накитот – наместо да го затвораат заради заштита, тие претставуваат кутии за накит кои се превртени од надвор кон внатре. Важна е идејата да се доведе до прашањето за вредност, со тоа што укажуваат, на она што се гледа како секундарно на генералното користење на накитот – амбалажата и заштитната кутија. Последните се нужност, иако се сметаат за заменливи, во споредба со ексклузивноста што едно прарче накит ја поседува. Разликата што овој модел се труди да ја постигне преку продукција на поставките кои наликуваат на продукцијата на накитот: секој постамент е рачно направен, како посебно парче со сопствена приказна. Како објекти со повеќе ликови, постаментите имаат намера да го заинтригираат набљудувачот, во однос на начините на нивната употребливост.

Маја
Поп Трајкова

Скопје, Македонија