Кога усните премолчуваат, облеката зборува

Дизајн, Мода, Инсталација

Категорија

2015

Година

Димензии

Проектот се соочува со тоа како облеката може да биде начин на изразување на став, сомнеж, мислење, чувство. Проектот се состои од алишта (дизјанирани од авторката) кои се рачно суплементирани со извадоци од песни и есеи од голема општествена важност. Парчињата се рачно изработена облека, директно инспирирана од поетската порака која е напишана на нив. На оваа листа на цитирани автори може да се најдат: Соџурнер Трут, Славко Јаневски, Оливера Николова, Вирџинија Вулф, Бјорк, Боб Дилан, Дубравка Угрешич, Матеја Матевски, Радован Павловски, Лидија Димковска и Румена Бужаровска.

Маријана
Јанческа

Гостивар, Македонија