Космичка фуга

Цртеж и слика

Категорија

2014

Година

149.5х143 см

Димензии

Сликата претставува чиста „внатрешна“ колористичка експресија од која синхронизирано се еманира атмосфера на вселе¬ната и вибраци-ите на музикалната ернергија која се стопува со „универзумот“. Метафизичката визија на универзумот визуелно ја елиминира предметноста. Доминацијата на фреквенциите на ликовните вредности на примарно рам¬ни¬ште ги артикулира аналогиите со сателитските снимки. Небесните движења во сликата претставуваат еден вид шарен концерт. Во тишината на сликата, набљудувачот може да го почувствува синестетски принцип. Возвишеноста и хармонијата на боите во композицијата, претставува истовремено емотивен израз на мојата внатрешна состојба на духот, која е обземена од енергијата на Бах. Неговата грандиозна метафизичка димензија слеана во колористичката структура на сликата, според хармонизацијата и внатрешната тензија, иако апстрактно, ја „миметизира“ трансценденталната сила на неговата музика која доаѓа од космичките сфери.

Душица
Степаноска

Тетово, Македонија