Линија-акт

Цртеж и Слика

Категорија

2015

Година

120x40 cм

Димензии

Делото „ Линија-акт “, е работено по жив модел, но притоа потпирајќи се на сопствената имагинација. Бев водена од идејата да насликам дело кое ќе има реалистична содржина-акт, но со поинаков приказ, притоа оставајќи простор на публиката да може да создаде своја перцепција за формите во делото. Изборот на темните бои за позадина е со цел за да акцентот биде ставен на самата содржина на делото. Преку густината и интензитет на линиите сакав да постигнам ефект на контрастна издвоеност со што и делото добива на живост и динамика, што е спротивно од положбата на самите фигури кои создаваат чувство на статичност во просторот. Најголемо влијание за разработување на ваква содржина беше токму проблематиката со актот, која всушност отвора неизмерни можности за лично изразување, во кое може се внесат субјективните чувства.

Стефанија
Ивановска

Пробиштип, Македонија