Малите суштества од станот што се реновира

Скулптура

Категорија

2015

Година

25х25х30 см

Димензии

Дали кога дома ни е потполна тишина е навистина потполна? Дали и кога дома сме сами, сме потполно сами? Што е тоа што тишината ја прави толку гласна, а празниот простор толку полн? И што се случува ако малку прочепкаме позади некој орман, помеѓу процепите на стариот паркет или околу циглите што ѕиркаат во напукнатиот ѕид? Кој ли се’ ни живее дома без да забележиме, а ако забележиме сепак не сме свесни? Можните одговори или можни се одговорите на сите овие прашања единствено на едно место – во станот што се реновира. Малите суштества се таму, секогаш … и чекаат.

Ненад
Тонкин

Скопје, Македонија