МаргиНе | игри на знаење

Цртеж и слика, Графички дизајн, Илустрација, Инсталација, Мултимедија

Категорија

2016

Година

A1/A0/A3

Димензии

Проектот „MаргиНе“ е парче од слободното време на двајца маркетери кои го користат своето знаење за да создадат тотално бескорисен маркетинг преку: ’Инспирирачки’ презентации во духот на 21-от век, шеги преку ’fl at’ дизајн, интерактивни искуства, маркетинг кампањи и слогани за смешни продукти кои не постојат.

Зошто? За забава!

МаргиНе е пример за тоа како маркетинг другари си играат со своето знаење. Гледајте на секое дело од овој проект како шаблон за тоа што сѐ можете да сторите со моќта на вашиот ум и стекнатото искуство. Штом го присвоите овој тип на слобода, добредојдени се секакви промени на шаблонот.

Играјте си. Кажете НЕ на маргините. МаргиНЕ

Виктор
Илијев

Скопје, Македонија