Meчтаења

Цртеж и слика

Категорија

2011-2014

Година

28x21 см

Димензии

„Мечтаења“ се серии од цртежи, родени како резултат на еден перцептивен експеримент. Користејќи претходно обоена апсорбирачка хартија на која се повторуваат апстрактните шари, продолжив да создавам слики, носејќи ги во фокусот јасно демаркираните форми на случајните ознаки. Овие обоени цртежи сесоздадени во стилот на „Роршах тестот“, односно, кога субјектот е соочен со серија на мастилни слики, неговата потсвест проектира слика која јасно се разликува од апстрактните мастилници. Обоените дамки се основата, почетната точка на создавање на сликата. Ја потенцирам оваа слика; ги носам формите на површината од дамката, преку цртежот, со завршување на формата која ја гледам во обоениот знак. Сите слики се како соништа донесени од мојатавизуелна потсвесна меморија, исцртани на хартија.

Ленче
Андонова

Малакоф, Франција