Меморија 1, Меморија 2

Цртеж и Слика

Категорија

2015

Година

100x100 cм

Димензии

Секој човек во себе носи и впишува чувства, емоции, импресии, случувања, мигови. Сите забележувања од овој простор како на парче хартија се натрупуваат едни врз други, во ќелии во умот кои со тек на времето избледуваат и имаат тенденција да станат минато. Најдалечните и најбледите сеќавања се почетоците на сите случувања, тие го надминале преминот во заборав, додека пак други несвесно, краткотрајно ќе испливаат на површината и сами одбираат дали ќе останат или засекогаш ќе исчезнат. Тие различни впечатоци кои се приказ на светот во нас ги проектирам на платно и ги преточувам во слика.

Маја
Јаќимовска

Kriva Palanka, Македонија