Минатото е мртво! Да живее минатото!

Фотографија

Категорија

2015

Година

29.7х42 см

Димензии

Минатото е мртво! Да живее минатото! е фотопринт, дел од проект сосема спонтано настанат на бреговите на охридското езеро каде авторката соочувајќи се со своето минато ја трасира патеката кон еволутивна иднина притоа живеејќи ја сегашноста во полн здив. Разбудено минато создава сегашност за прогресивна иднина! е своевиден слоган, кој ме наведе и поттикна на оваа перформативна акција и фотодокументирање на истата. Ова овозможи за и после самото збиднување да го прикаже на јавноста така добивајќи на значение и тежина самиот таканаречен завет. Кон минатото, сегашноста и иднината.Кон себе и светот.

Дороти
Пачкова

Скопје, Македонија