Паратисима Скопје | 15-17 јуни, 2017

ОТВОРЕН ПОВИК

10 јануари - 10 април, 2017

Паратисима Скопје 2016

LATEST NEWS

16 НАГРАДИ НА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА ПАРАТИСИМА СКОПЈЕ

На крајот од третото издание на Интернационалниот саем на современа уметност – Паратисима Скопје, беа доделени вкупно 16 награди. Десет од наградите беа доделени од Паратисима Скопје, согласно селекцијата на овогодишното жири кое се состоеше од: Сафет Ахмети – историчар на уметност, Иван Блажев – фотограф и уметнички директор и Мартин Гулески – архитект.

Read more

ШТО Е ПАРАТИСИМА СКОПЈЕ?

Паратисима Скопје е интернационален саем на современа уметност кој е отворен за сите форми на уметност и креативност! Доколку работиш или се занимаваш со визуелна уметност, перформанс, дизајн, архитектура, фотографија, моден дизајн, филм, музика...или било кој друг формат на творештво, Паратисима Скопје те поканува да го споделиш своето дело со нова публика!

Сите од секаде може да учествуваат на Паратисима Скопје и да го изложат своето дело.

Добредојдени се афирмираните, емергентни и не-академски уметници и креативци кои ги поттикнуваме да експериментираат и да ги трансформираат и преминат границите на конвенционалното претставувајки се себе и своите дела.