Над облаците

Цртеж и Слика

Категорија

2010

Година

100x200 см

Димензии

Динамичните облаци постојано ни создаваат сомнеж за она што е реално. Тие се таму, но не можат да бидат допрени. Тие изгледаат речиси нематеријално, а сепак ние се наводенуваме од дождот. Каде и да одиме, облаците не следат. Дневни соништа може да не однесат над облаците, и токму тоа е она што го гледаме на сликите на Искра Беличанска. Нејзината фантазија исто така го претставува нашиот сегашен свет како се прелева со толпа на луѓе кои инсистираат на повторно пронаоѓање на тркалото, или на продажба на прстени од чад.

Сликите на Искра покажуваат една многу јасна траекторија на нејзините уметнички идеи и во нејзините моментални мисли во врска со композицијата. Нејзините слики се мозаик од мотиви кои повторно се појавуваат и продолжуваат низ насликаните површини. Ако сликите почнат брзо да се вртат, од дводимензионални платна би се појавиле движечки фигури кои статичните слики би ги трансформирале во динамични. Динамичните слики би зборувале за една недовршена приказна. Креативниот свет на Искра Беличанска е полн со авантури, боја и енергија. Тоа ни дава чувство дека набљудуваме нешто живо.

Искра
Беличанска

Скопје, Македонија