Народното богатство во просторот и уметноста

Мултимедија

Категорија

2015

Година

Димензии

Сложена приказна, но во истовремено и едноставна која и ден денес е присутна во нашето секојдневие раскажана преку ритуалите на подготвување на храна, одржување на лична хигиена, пиење кафе, јадење локум, молење и обожување на Бога. Овие прозорци кон минатото, гледани од и низ една денешна перспектива, овие парчиња мебел со современа интервенција на нив, оваа пријатна атмосфера создадена од целокупниот дизајн на изложбата, ни раскажува една приказна од нашето заедничко минато кое сите ние го имаме на ваков или таков начин, преку нашите предци, гени, преку душите на нашите најмили кои секако се секојдневно присутни во нашите животи.

Марија
Рашковиќ

Скопје, Македонија