Не гледам! Не слушам! Не зборувам!

Графички дизајн

Категорија

2015

Година

70x50 cм

Димензии

Екстерната проверка во основните и средните училишта и воведувањето на Keмбриџ системот за првоодделенците се инспирација на ова дело. Во центарот е поставено дете, со бистар поглед и сјај во очите, доловувајќи ни ја интелегенцијата со која се раѓаат новите генерација. Од друга страна, образовниот систем, како некогаш, така и денеска, од мали нозе ги подготвува за почитување на тројното правило. Го одбрав Мондриан, за основа на проектот, бидејќи неговите чисти и силни бои ми го презентираат образованието, но истовремено неговите црни линии ги преставуваат процедурите, процесите и правилниците кои постојано се менуваат и на кои децата мора да се прилагодат и исфилтрираат низ филтерот на образовниот процес.

Октај
Омераѓиќ

Скопје, Македонија