Обоена конзистентност

Инсталација

Категорија

2014

Година

200x50 cм

Димензии

Инсталација од огледални обоени кругови. На нив се испишани зборови : Prayer, Love, Hope, Sex, Desire, Marriage, Listening, Changes, Pain, Art….. во центарот на делото едно огледало не е обоено, на него е испишано Prayer. Таквата одвоеност е со цел реципиентот да се согледа во неговиот реален обоен изглед, а додека сите други сугерираат на одредена обоеност. Преку молитвата, човекот истрајува во кругот на животните промени што ги носи времето, на цикличните промени и новите животни ситуации во кои сепак треба да остане трезен и мудар. Елементот на кругот е издвоен како симбол на вечната трансформација и постојаното повторување на женската цикличност. Обоени со јак попистички колорит, а на нив се испишани зборови кои секојдневно ја измачуваат човековата слобода.

Марија
Сотировска Богдановска

Скопје, Македонија