Остатоци

Цртеж и слика

Категорија

2015

Година

100х80 см

Димензии

Во мојата уметност не дозволувам отсуство од реално создадена боја и техника. Тука, не ја потценувам моќта на ерата на модернизација, компјутеризација, сатурација… но никогаш не се откажувам од вистинското задоволство во актот и материјата на сликање. Мојата инспирација ја наоѓам во секојдневното опкружување како: стари ѕидови, прозорци и билборди. Тоа се навидум едноставни објекти кои ми даваат импулси на инспирација и емоција, која добивам потреба да ја ослободам на платно.Се инспирирам од комплексноста и убавината на природните текстури и слоеви што се преклопуваат. Оваа работа е резултат од непрекинато набљудување на остатоци од билборди, особено на оние кои се оставени да стојат со месеци, изменети од природни влијанија, притоа губејќи го оригиналниот изглед и впечаток. Слоевите често го фаќаат мојот поглед. Истите, за некој, можеби изгледаат како ништо, но ако погледнеш подлабоко можеш да забележиш интересни форми, објекти и приказни… Ги поттикнувам луѓето да создадат свои интерпретации за моето дело.

Драгица
Ристеска Димитровска

Скопје, Македонија