Отворен повик

Третото издание на Паратисима Скопје ќе се одржи од 10-12 јуни, 2016 во Младинскиот културен центар, Скопје. Повикот за учество ќе биде отворен од 15 јануари, 2016 до 30 април, 2016 година.

Пред да ја пополните апликацијата, внимателно прочитајте ги правилата за учество.

Правила за учество:

Секој може да аплицира: не постои селекција за учество; сите автори од сите земји можат да учествуваат, независно од форматот кој тие го користат за изразување. Секој автор има апсолутна автономија при изборот, техниката и презентацијата на своето дело.

Учесниците и нивните дела ќе бидат изложени во Младинскиот културен центар, Скопје со помош и координација од кураторот на Паратисима Скопје.

За третото издание на Паратисима Скопје котизацијата за учество изнесува :

1500 МКД

За детални информации Ве молиме посетете ја FAQ страницата на нашата веб-страна.

За да пристапите кон електронската форма за апликација кликнете на копчето означено „Регистрирај се и учествувај“.

Внимание: Електронската форма за апликација не може да се испрати доколку не се внесени сите барани информации во полињата означени со „ * “.

 

Регистрирај се и учествувај