Паноптикон

Цртеж и Слика

Категорија

2015

Година

51х122 см

Димензии

Panopticon претставува институционализирана форма на надзор. Тоа е општествена контрола врз индивидуата, а преку неа и врз целата популација. Технологизацијата и роботизацијата даваат неограничени можности за следење, контрола, губење на приватноста и дехуманизација. Во општеството на контрола, кодот/бројот зазема значајно место, и на тој начин индивидуата станува код/број следен и контролиран од страна на компјутер/машина. Целта е создавaње на општествено корисен и послушен човек, следење на секој чекор и мисла, нивно бележење и чување во база на податоци. При создавањето на делото употребив елементи кои се актуелни, односно електронски панели врз кои интервенирав со маслена боја прилагодувајќи се на нивниот постоечки дизајн. За дополнување на претставата прикачив камера која е насочена кон насликаните силуети. Со сето тоа се обидов да доловам дел од погоре споменатото, употребувајќи готови елементи кои ги поседува речиси секој човек и преку кои се овозможува следење и контрола на човештвото.

Сашо
Ацковски

Скопје, Македонија