Паратисима Скопје #2!

Она што започна како експеримент се претвори во долга листа на „благодарници“ за поддршката и храброста на голем број индивидуалци и организации кои се придружија во реализацијата на првото издание на Паратисима Скопје.

Потребна е мала искра за разгорување, а ние дуваме со сета сила за да ја одржиме топлината со објавување на второто издание на Паратисима Скопје од 12-14 јуни, 2015 во Младинскиот културен центар. 

Оваа година, со сета сила се обидуваме овој експеримент да го претвориме во лабораторија. Второто издание на Паратисима Скопје има многу јасна цел – да го инвестира сиот свој капацитет кон овозможување на интернационална димензија и присуство. 

Со искрен ентузијазам ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат и да се регистрираат и аплицираат за отворениот повик. 

Со уште повеќе возбуда се надеваме дека ќе го зачувате датумот и дека ќе не посетите овој јуни!