Пластично сонце

Цртеж и Слика

Категорија

2014

Година

100х70 см

Димензии

Пораката на мојот уметнички експеримент е базирана врз два концепта. Првиот – тест на материјали, на пример гумата, која се наоѓа во внатрешноста на возовите и индустриските пакувања, е залепена со силикон или лепак на платно и штици. Вториот – долгорочно истражување на апстрактните моменти, преку кои се пресоздаваат паничните напади и анксиозност со кои сум се соочувал во минатото. Во таквите моменти на паника, сум сликал форми и црни маси (black masses) во тетратки. Тие тетратки, ги пронајдов и ги повторив истите скици, но на еден многу поавтентичен начин. Кога завршив, всушност, сфатив дека сум искицирал нешто слично на апокалиптичен град, урнатини од распадната цивилизација и некоја чудна збркотија. Ја започнав серијата на овие уметнички дела пред две години, а сега, тие се признание на мојата слабост, на моите оштетени страни.

Алесандро
Маџорно

Пинероло , Италија