Поп арт е како LIKE

Инсталација

Категорија

2014

Година

100x200 cм

Димензии

Делото претставува инсталација од слика направена од самолепливи кружни стикери, видео, звук, текст, пуканки… Сликата е поставена на ѕид и од блиску се гледа мноштво на кругчиња во различни големини, кои потсетуваат на растер од сито штампа, но тие не се печатени туку се готов предмет односно самолеплив филц исечен во кружна форма кој би требало да најде примена во домаќинството односно да спречи гревење на една површина со друга. Видеото прикажува процес на правење пуканки, а до него има и полна чинија пуканки… Делото го поставува прашањето за еден правец на уметноста кој опстојува од почеток на 20ти па сè до денес истата естетика со сменет контекст.

Ангел
Миов

Скопје, Македонија