Последици

Фотографија

Категорија

2015

Година

18.27 ×27.45 см

Димензии

Приказ на актот на насилство и дискриминација низ последиците. Живот во општество каде насилството и дискрими-нацијата се секојдневие. Мрачната страна на човекот која го создава психо-физичкото насилство, но, воедно и последичната мрачна страна кој се создава кај жртвата на туѓото или сопственото насилство. Длабочината на црните моменти кои ја допираат ужасноста на болката. Соочувањето со најлошите кошмари, прифаќање на својот најголем срам. Да се биде обележан денес за да се намалат последиците утре. Човекот е директен учесник во уметноста, а и не би се прикажало секојдневието ако човекот не е дел од фотографијата. Низ еден објектив, еден реален и тажен свет.

Ивана
Чалоска

Скопје, Македонија