Повик за волонтери

Ова е официјален повик за волонтирање на Паратисима Скопје, 2016, фестивал за современа уметност. Паратисима Скопје 2016 се случува од 10ти до 12ти јуни, 2016, во МКЦ, Скопје.

Ако си вљубеник во уметноста, но исто така љубиш да им помагаш и на луѓето, тогаш волонтирај на Паратисима Скопје, 2016!

Не е важно кој/а си, што си и каков/ва си, важно е да сакаш да се дружиш, да запознаеш нови луѓе, да сакаш три дена да пројдеш тотално без глава и се разбира да добиеш едно ново и забавно искуство кое мора да ни веруваш дека понатаму далеку ќе те служи!

Ако бидеш волонтер, ќе ни помогнеш во техничкиот дел од настанот: ќе ги пречекуваме гостите и ќе се дружиме со нив, ќе закачуваме слики и ќе поставуваме скулптури (или инсталации), ќе им помагаме на дечките и девојките кои организираат работилници. И на крај, ќе го собереме целото ѓубре и ќе јадеме торта!

Ако си заинтересиран/а за гореспоменатото пријави се со име, презиме, број и возраст на следната е-адреса:

contact@paratissimaskopje.mk