Прашања и одговори

Што е Паратисима Скопје?

Паратисима Скопје е интернационален саем на современа уметност кој е отворен за сите форми на уметност и креативност.

Зошто да учествувам на Паратисима Скопје?

Паратисима Скопје овозможува еднаква можност за сите учесници да се претстават себеси и своите дела, без притоа да наметне услови околу форматот и начинот на презентација.

Саемот обезбедува можност за иновација и експериментација на лично и професионално ниво.

Сите учесници се дел од интернационална средина и добиваат глобална промоција.

Учесниците можат да пристапат до нови можности, да остварат контакти со колеги, галерии и куратори, да ги подобрат своите професионални вештини и да се здобијат со искуство преку мобилност.

Кога и каде е Паратисима Скопје?

Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје во 2017 година ќе се одржи од 15 - 17 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје.

 

Како и кој може да учествува на Паратисима Скопје?

Сите од секаде можат да учествуваат на Паратисима Скопје.

За да учествувате на Паратисима Скопје треба единствено да се пријавите на отворениот повик за учество.

За учество на Паратисима Скопје нема селекција – секој што ќе аплицира може да учествува. Не постојат услови за квалификација по основ на возраст, род, националност, академска позадина или професионална позадина.

Дали се наплаќа учеството на Паратисима Скопје?

Да, сите автори плаќаат за учество на Паратисима Скопје. Износот на котизацијата за учество е наведен во пријавата за учество, заедно со пример од пополнета уплатница.

Цената за учество на Паратисима Скопје која ја плаќаат авторите ги покрива трошоците за услугите кои ги овозможува настанот. Некои од услугите се: основни материјали и алат за поставување на делата, тековни трошоци за одржување на локацијата на настанот, адаптација на просторот, основна техничка поддршка, инвентар, промоцијата и целосната логистика на настанот.

Дали Паратисима Скопје ги покрива трошоците за пат и транспорт?

Не, Паратисима Скопје не покрива трошоци за пат и транспорт на делата или авторите и организациите.

Што добиваат авторите со учеството на Паратисима Скопје?

Сите автори кои учествуваат на Паратисима Скопје:

  •  простор за изложување од 2mсо основата котизација за учество (Паратисима Скопје овозможува закуп и на поголем изложбен простор, а деталите околу можностите се детално објаснети во апликацијата за учество)
  • имаат апсолутна слобода при избирање на делото и начинот на кој сакаат да се претстават, во координација со официјалниот куратор на настанот
  • добиваат поддршка од официјалниот куратор и техничкиот персонал за време на настанот
  • можат да вршат продажба на своите дела за време на настанот
  • добиваат пристап до основни материјали, алатки и инвентар за време на поставката (пр. чекан, шајки, лепило, боја за корекции, основно осветлување, итн)
  • се вклучуваат во он-лајн базата на податоци на автори на официјалната страна на настанот
  • се промовирани и дистрибуирани преку официјалните алатки за маркетинг и комуникација на настанот
  • се вклучуваат во базата на податоци на мрежата и добиваат новости и информации за можностите за професионален развој на интернационално ниво
  • Имаат можност да учествуваат во работилници, предавања, контакт групи со галерии, куратори, колекционери, медиуми и мрежи.

На крајот од секој настан на Паратисима Скопје објавува селекција на автори избрани од страна на жири комисија кои се наградени со разни професионални можности. Жири комисијата и наградите се разликуваат секоја година и ќе бидат објавени на официјалните медиуми за комуникација на настанот.

Како изгледаат два метри квадратни? | Визуелни уметности

Два метри квадратни или 2m2 произлегуваат од 2m x 1m. Ве молиме погледнете ја илустрацијата подоле за да може подобро да ги разберете изложбените параметри.

Забелешка: Овие скици се само за илустрирање на просторот

Како изгледаат два метри квадратни? | Инсталација

Два метри квадратни или 2m2 произлегуваат од 2m x 1m. Ве молиме погледнете ја илустрацијата подоле за да може подобро да ги разберете изложбените параметри.

Забелешка: Овие скици се само за илустрирање на просторот

Како изгледаат два метри квадратни? | Дизајн на мебел

Два метри квадратни или 2m2 произлегуваат од 2m x 1m. Ве молиме погледнете ја илустрацијата подоле за да може подобро да ги разберете изложбените параметри.

Забелешка: Овие скици се само за илустрирање на просторот

Како ќе бидат изложени моите модни парчиња? | Моден Дизајн

Модните парчиња ќе бидат изложени на соодветни панели за изложување на облека, обезбедени од организаторот.

Забелешка: Овие скици се само за илустрирање на просторот

 

Како ќе бидат изложени моите производи? | Дизајн на накит и производи

Производите од категориите Дизајн на накит и Дизајн на производ ќе бидат изложени на соодветни изложбени маси, обезбедени од организаторот.

Забелешка: Овие скици се само за илустрирање на просторот

Дали за посета на Паратисима Скопје се наплаќа билет?

Не, за посета на Паратисима Скопје не се наплаќа билет. Настанот е отворен за сите заинтересирани посетители.

Кој ја финансира Паратисима Скопје?

Паратисима Скопје се финансира преку поврзување на креативниот сектор со бизнис секторот и генерирање на можности за соработка и создавање на продукти и услуги кои имаат креативна димензија и комерцијална вредност. Паратисима добива институционална поддршка за одредени сегменти и/или активности од страна на локални, регионални и интернационални институции и организации.

Кој ја организира Паратисима Скопје?

Паратисима Скопје ја организира здружението за поддршка и промоција на културата – Континео 2020.

Паратисима Скопје е регистрирана трговска марка на национално ниво во Република Македонија.