Продукција на музички видео спот

Paratissima Skopje 2017/ HyperspaceS / STUDIO BAIKA / MKC

Три дневна работилница/креативен курс за продукција на музички видео спот кој ќе се промовира на музичкиот фестивал Здраво Млади, 10 јуни, МКЦ.


Јавен конкурс
за сите заинтересирани, со фокус на студентите од уметности и дизајн.

1. Селекција на најдобрите портфолија и формирање  на група од 8 до 10 учесници.
2. Избор на песна од локален артист или група.
3. Пишување на сценарио.
4. Пред-продукција.
5. Снимање.
6. Промоција на видео спотот на музичкиот фестивал Здраво Млади во МКЦ на 10 јуни.

Идејата е инволвирање на млади луѓе и нови таленти во процесот на создавање на уметност од ваква форма. Работилницата има за цел, преку концептуален приод и креативна работа да пренесе искуство  и знаење, како и да ги соочи учесниците со сите сегменти на визуелната креација – пишување на сценарио, разработка и план на снимање, арт дирекција, камера и фотографија, сценографија, костим.

Работилницата ќе ја води Бојан Кртолица (Studio BAIKA) во соработка со Ѓорѓи Клинчаров, и ќе биде  пилот проект кој на еден нов начин на пренесување знаење, кој од следната година ќе го предава на школото за дизајн и инженерство – ELISAVA, од Барселона.

 

STUDIO BAIKA е дизајн студио базирано во Париз, основано од Бојан Кртолица кој има дипломирано на „Elisava School of Design and Engineering“ во Барселона. Студиото е мулти-дисциплинарна креативна платформа која специјализира во развој на веб и мобилни апликации, видео продукција и дизајн на визуелни идентитети.

Студиото е посветено на креирање на нови комуникациски концепти, ги истражува новите медиуми и различните начини на израз. Целта е да создаде уникатни пораки и да развие силен визуелен јазик со визионерски концепти каде идејата на клиентот, сервисот или брендот се во првичен план.

Котизација за конкурсот е 300 денари.

Симни ја целосната програма

Линк за пријавување

Дополнително ве молиме да испратите ваше портфолио [(односно, пример од нешто што сте сработиле во однос на тоа каде се пронаоѓате во работилницата (креативен текст или фотографии или видео, итн.; и ваше образование)].

На следната Е-адреса:

contact@paratissimaskopje.mk

 

Ве очекуваме!