Растопен град

Архитектура, Фотографија

Категорија

2014

Година

20х30 см

Димензии

Отсутност и декадентност се мотиви испреплетени во градскиот пејзаж на Тетово: Празнина. Градот содржи многубројни убави, но оштетени куќи, кои луѓето ги избегнуваат и демолираат. Истовремено, градскиот пејзаж е исполнет со градилишта кои не работат веќе подолго време. Напуштени згради го сочинуваат поголемиот дел од градскиот пејзаж. Новите и старите градби шират напуштеност и распаѓање насекаде. Тоа не се однесува само на градскиот пејзаж, туку и на луѓето во него; постојано нови луѓе заминуваат
од Тетово – ако не физички, тогаш ментално. Многумина од оние кои сè уште се во градот, планираат да си заминат. Оние кои решиле да останат, затоа што се приврзани за градот, тагуваат носталгично по минатото кое јасно се распаѓа, како неговите архитектонски оставштнини од некоја друга ера.

Далија
Зипер

Франкфурт, Германија