Synonym

Дизајн, Фотографија

Категорија

2016

Година

Димензии

Прикажување на една реалност на една дефинирана компарација, проследена од огромни разлики, а нераскинливо испреплетена во една длабока сличност токму како синоним. Не се грижиме, не ги внесуваме нашите емоции во она што го делиме со остатокот од светот. Забораваме дека сите сме луѓе кои го дишеме истиот воздух за да преживееме. Живееме во ист простор, во исто време,толку блиску, а сепак толку далеку од соживување и обид да си помогнеме меѓу себе.Зошто? Што е сличност,а што е разлика? Совесни ли сме? Забораваме дека она што некогаш е проблем на некој човек утре може да биде мој или твој проблем.

Ивана
Чаловска

Охрид, Македонија