Сите бои на есента

Инсталација

Категорија

2014

Година

200x50 cм

Димензии

Делото со наслов „Сите бои на есента“ претставува просторна инсталација која се протега од ѕидот продолжувајќи на подот изработена од сунѓер во облик на килим од паднати лисја на подот и нивниот „негатив“ (површината на сунѓерот од каде се извадени лисјата) поставени на ѕидот. Интензивниот колорит од сина боја постепено преминува во црвена, а истата ситуација симетрично се простира и на подот. Ова дело ја претставува мојата замисла за претставата на еден есенски пејсаж, на една долга инспиративна прошетка низ есенскиот колорит и мојата фасцинираност токму од таквата глетка, којашто буди едно силно внатрешно сетилно доживување, неискажлива и неопислива радост предизвикана од убавината на природата. Она на коешто не може да се оддолее и кое не може да се прераскаже е убавината на моментите кои ја слават радоста во животот и самото постоење.

Ана
Ивановска

Скопје, Македонија