Скриена структура на фалус

Цртеж и слика

Категорија

2016

Година

100x150 см

Димензии

Уметничкиот интерес на Силвија во последно време лежи во критиката на западните фалусоцентрични структури, симболи и трагови кои се засноваат на моќ. Таа се фокусира на концептот на симболичната машка моќ, нејзиниот историски контекст, механизмот преку кој се востановила додека истовремено ги преиспитува шаблоните на општествената перцепција и психологија на бојата. Таа експериментира со хибридизација на елементите, боите и формите со цел да ја стави под знак прашалник легитимноста на фалусоцентричноста преку нејзините симболи. Модуларното уметничко дело „Скриена структура на фалус“ претставува аналогија на механизмите на моќ и авторитет кои се вградени и повторливи во нашата култура и општество, најчесто невидливи по самата природа, но сепак, сеприсутни во секојдневниот живот.

Силвиа Бинда
Хеисерова

Братислава, Словачка